На територијата на Македонија до 19 часот денеска биле регистрирани вкупно десет пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, а седум се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Еден од активните пожари е на територијата на Општина Желино, во регионот на селото Горна Лешница, каде што горат сува трева и мешана шума. Вториот е во Општина Валандово, кај селото Удово покрај реката Вардар, каде што е зафатена ниска вегетација. Третиот активен пожар е во Општина Долнени, во регионот на селата Црнилиште и Стровија, каде што горат сува трева и ѓубре.

Изгаснатите пожари биле на териториите на општините Долнени, Кавадарци, Кичево, Делчево и Желино, како и на две локации во гостиварскиот регион.