Три потреси имало на територијата на Србија ноќеска и утрово.
Првите два земјотреси биле на подрачјето на Крушевац, а третиот е регистриран кај Баљевац на Ибар. Првиот земјотрес со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 2 часот и 22 минути на длабочина од шест километри, а само минута подоцна се случил уште еден со ист интензитет, на длабочина од девет километри, јавува Танјуг. Во 3 часот и 20 минути е регистриран трет земјотрес со јачина од 1,6 степени, а епицентарот бил кај Баљевац на Ибар.
Пред два дена земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција. На турско тло годинава имаше повеќе силни земјотреси.