Претседателот на Бугарија, Румен Радев, вечерва ќе биде специјален гостин на фестивалот „Пирин фолк“, во Сандански.

Шефот на бугарската државата ќе ги пречека учесниците и гостите на која ќе бидат доделени наградите на конкурсот за „авторска македонска песна“.

Настанот ќе се одржи во 20:45 часот по бугарско време во Летниот театар Сандански.

Петнаесет уметници ќе се претстават со песна од македонска основа специјално подготвена за фестивалот „Пирин фолк“.