Бразил прогласи тридневна жалост по повод смртта на легендарниот фудбалер Едсон Арантес до Насимента Пеле.

Во соопштението на бразилската влада се наведува дека Пеле бил голем граѓанин и партиор, кој го возвишувал името на Бразил каде и да одел.

Пеле почина вчера на 82 годишна возраст. Последните денови беше во тешка здравствена состојба откако во септември 2021 година му бил отстранет тумор на дебелото црево.

ФИФА официјално го прогласи Пеле за најдобриот на 20 век, а магазинот „Тајм“ го стави меѓу 100-те најважни личности во минатиот век.