Полицијата поднесе кривични пријави за два случаи во кои биле силувани деца. Еден случај се случил во февруари 2026 година, а другиот во јули 2025 година.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Силување на дете кое не наполнило 15 години. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата.
Втората пријава е поднесена протов двајца сторители.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Силување на дете кое не наполнило 15 години. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата.
