Индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи зголемување од 3.0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Пораст на индексите на трошоците на животот има кај свежиот зеленчук и овошје, маслото, газираните пијалоци, месото, како и течните горива, медицинските услуги, обувките и информатичката опрема, додека намалување има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, гасот за домаќинствата, моторните возила, велосипедите и книгите.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало изнесува 100.6.
Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 9.1 %, свежото и разладеното овошје за 4,1 осто, маслото и маснотиите за 2,1 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,4 отсто и месото за 0,3 отсто.
Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 12,4 проценти, парамедицинските услуги за 5,5 проценти, обувките за 3,3 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 2,8 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,6 процент, медиумите за снимање за 0,8 процемти, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.6 %, медицинските услуги, стоматолошките услуги за 0,5 проценти, материјалите за одржување и поправки за живеалиштето, градините, растенијата и цвеќињата за 0.4 проценти, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.3 проценти, малите алатки и останатите додатоци, фармацевтските производи, другите медицински производи, патниот патнички транспорт, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,2 проценти.
Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3 проценти.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 3.0 процемти, моторните возила за 1,5 проценти, велосипедите за 0,5 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4 проценти, книгите за 0,3 проценти.