Турската државна компанија за одбранбена опрема „МКЕ“ потпиша договор за изградба на фабрика за муниција во Косово, јавува „Дејли Сабах“.

Фабриката, која се очекува да биде завршена до 2026 година, ќе има капацитет за производство на околу 20 милиони куршуми годишно.

Според договорот, „МКЕ“ ќе обезбеди комплетна производна линија, вклучувајќи машини за производство на патрони, линии за полнење и склопување, како и лаборатории за тестирање на квалитетот.

Проектот ќе го зајакне производствениот и одбранбениот потенцијал на Косово, со директна поддршка од турската држава.