Вчера во 12 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 71-годишниот гостиварец З.Б., кој на 17-ти овој месец бил пријавен од 31-годишниот гостиварец Ф.С. дека пред неговиот дом во Гостивар му се заканил со огнено оружје, извести СВР Тетово.
– На З.Б. му е одземен пиштол „цз“ калибар 9 милиметри со рамка со 13 куршуми и нож, соопшти СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.