Тој бил лишен од слобода при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април 2021 година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30 илјади денари, а му побарувал уште 90 илјади денари како камата, информира портпаролот Верољуб Додевски.
Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на А.С. при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4 милиони денари).
Додевски информира дека лихварот е бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава