Падна сопственик на кабаре во Куманово – затекнат додека внесувал противпожарни апарати во клубот
Во рамки на засилените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В. (58) од Куманово, сопственик на едно од кабареата во градот, како од неговото паркирано возило пред објектот изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот.
Таравари со добра вест: Нема нови жртви во последните 72 часа
По увидот, полицијата извршила контрола во објектот и пронашла и одзела пиротехнички средства.
Приведување и санкции
Лицето било лишено од слобода и во полициската станица, во присуство на адвокат, со него бил извршен службен разговор. Инспектор за заштита и спасување издал прекршочни платни налози и решение за забрана на работа на објектот сè додека не се отстранат неправилностите.
За случајот е известен јавен обвинител.
Овој случај е дел од широките акции за засилена контрола на угостителските објекти низ државата. Целта е зголемување на безбедноста и почитување на законските прописи.