Повторно е проширена истрагата за дискотеката „Пулс“. Сега во истрагата се вклучени и нови десет полицајци за трагедијата во Кочани. Тврделе дека кабарето ги исполнува условите.
Јавниот обвинител, на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје предлага на седуммина осомничени да им определи мерки на претпазливост. Останатите тројца осомничени се обезбедени со претходната постапка. По еден сè уште се трага.
Се товарат дека во период од 10 години, како соизвршители, сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност.
Претходно, беа приведени 7 полициски службеници и инспектори од штипската и кочанската полиција и добија по 30 дена мерка притвор.
Во Кривичниот суд во Кочани се разгледуваат жалбите од претпоследното апсење на 19-мината осомничени за пожарот во дискотеката, од кои 4 во затворски притвор, 6 куќен, и 9 со мерки на претпазливост. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16-ти март загинаа 59 лица, а уште двајца повредени подоцна им подлегнаа на повредите. Повредени беа околу 200 лица.