Шест лица се уапсени вчера во кумановско село, а причината е организирање на борби за кучиња.
– Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23:00 часот, ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од село Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња, соопштија од МВР.
