На 11.07.2021 на подрачјето на Центар од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода тројца малолетници, а во врска со претходна пријава од И.К.(44) и С.В.(53), двајцата од Скопје, дека околу 21.15 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Центар нивните две малолетни деца биле физички нападнати, при што им биле одземени пари.
По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.