Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа убедлив пораз со резултат 89:66 на гостувањето против составот на Џики Варшава. Овој дуел се одигра во рамките на петтото коло од натпреварувањето во ФИБА Европа купот.
Полскиот претставник целосно ја искористи предноста на домашен терен и стигна до сигурна победа, оставајќи го македонскиот шампион без можност за бодови на ова тешко гостување.
Во редовите на МЗТ Скопје најефикасен поединец беше Адем Мекиќ, кој реализираше 11 поени, три скока и две асистенции за нешто повеќе од 21 минута помината на паркетот. Покрај него, солиден учинок имаа Ноа Фаракан и Емир Крајниќ, кои запишаа по девет поени.
