Кошаркарите на Работнички продолжуваат со одличните настапи во новата сезона. Тие остварија уште една победа, овој пат над тимот на ТФТ Скопје со конечни 104-84 во натпреварот од осмото суперлигашко коло.
На полувремето резултатот гласеше 47-34, а потоа разликата само постепено се зголемуваше и во еден момент изнесуваше огромни 27 поени предност.
Најдобар поединец во редовите на победничкиот состав на Работнички беше Виктор Ефремовски, кој имаше фантастичен учинок од вкупно 29 поени, додека уште 17 поени додаде Дамјан Робев.
Кај екипата на ТФТ Скопје одново најефикасен на паркетот беше Секој Сила, овој пат запишувајќи 26 поени и неверојатни 21 скок.
