35-годишниот Германец Филип. Ф. е идентификуван како сторител на синоќешниот масакр во Хамбург, каде во храм на Јеховини сведоци беа убиени седум лица. Убиецот пукал низ прозор во луѓето кои се наоѓале во храмот, а потоа се вдал во бегство. Полицајците го бркале до првиот спрат на троспратна зграда во близина, додека го убедувале да се предаде, тој се самоубил.
Меѓу жртвите се четири мажи, две жени и неродено бебе. Мајката на бебето била во седми месец од бременоста и ги преживеала истрелите.
Шефот на хамбуршката полиција изјави дека е можно напаѓачот да боледувал од ментална болест. Британски „Гардијан“ пишува дека убиецот можел да биде спречен кога пред два месеци полицијата добила анонимна дојава дека Филип. Ф. е непресметлив, ментално нестабилен и дека треба да му се одземе оружјето.
Дојавата е добиена во јануари годинава, но по проверката извршена минатиот месец полицијата утврдила дека нема причини за грижа.