Убиен е чувар на катарската Амбасада во Париз, а едно лице е уапсено за време на истрагата, соопшти денеска париското Обвинителство, со што се потврдени претходните написи.

-Можам да потврдам дека денеска е отворена истрага по обвинение за убиство. Околностите за смртта на заштитникот допрва треба јасно да се утврдат, наведуваат извори од Обвинителството.

Весникот „Ле Паризиен“ претходно објави дека едно лице е убиено во амбасадата, повикувајќи се на полициски извори.