Станбена зграда и црква во црноморското пристаниште Одеса во југозападна Украина беа погодени од ракетен напад синоќа, при што загина момче на возраст од 14 години, соопштија властите, пренесува Скај Њуз.

Пет лица биле во станбената зграда кога ракетата паднала, изјави претставник на пристанишниот град . Едно 17-годишно момче е пренесено во болница. Официјалниот претставник рече дека експлозијата уништила прозорци, ѕидови и покрив на православна црква што била непосредно до зградата.

Секретарот на украинскиот Совет за безбедност Олексеј Данилов, потврди дека во нападот има загинати и повредени.