Тироп беше еден од најдобрите спортисти на 10.000 метри и освои бронзен медал на Светското првенство во Лондон во 2017 година и пред две години во Доха.

Таа заврши на четвртото место на Олимписките игри во Токио. Медалот и избега за помалку од секунда. Пред точно еден месец, таа постави светски рекорд на десет километри патна трка.

Атлетската федерација на Кенија објави дека Тироп е пронајдена со убодни рани во нејзината куќа, и дека нејзиниот сопруг е осомничен за убиството.