Учениците во првото тромесечје нема да добијат нови книги.
Тие се очекува да пристигнат до крајот на октомври или почетокот на ноември за од прво, второ, четврто и петтоодделенците. Ова го вели министерот за образование Јетон Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа.
„Се работи за проблем кој не е само во последната година, туку во подолг период, и тоа и во основното и во средното образование. Во последната година имаме измена на концептот за основно образование, каде започнуваме со нови учебни програми“, Јетон Шаќири, министер за образование и наука
Но, учениците кои добија книги имаат учат од парталави учебници или од скрипти. Министерот Шаќири не одговара на директно на прашањето кој е одговорен и кој ги проверува оштетените учебници.
„Ги повикувам сите и наставници и работници да достават забелешки до мојот кабинет за работата со учебниците, за да можеме заедно со Педагошката служба да ги разгледаме тие забелешки кои доаѓаат и за содржината на учебниците и за други проблеми“, Јетон Шаќири, министер за образование и наука
Шаќири на почетокот на учебната година присуствуваше во Албанија, каде беше прмовиран буквар од кој е предвидено во иднина да учат првачињата во Албанија, Косово и Албанија. Тој буквар сè уште го нема. Канал 5 праша во Минситерството за образование дали содржината на букварот ќе биде идентична во трите државни, но одговор од МОН засега нема. Инаку учебната година започна со низа проблеми со учебниците, а уште е нејасно е дали учениците зимава ќе учат во топли училници или пак поради енергетската криза ќе мора да се вратат на онлајн настава.