Водечките европски фудбалски клубови ќе загубат над осум милијарди евра поради пандемијата на коронавирус, се наведува во најновиот извештај на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Според извештајот, четири милијарди евра од минусот отпаѓаат на непродадени билети поради затворените стадиони, 2.7 милијарди евра од спонзорски договори, а 1.4 милијарди евра врз основа на нереализираниот приход од телевизиски права.

Големите финансиски загуби, како што објави УЕФА. се одразиле и на зимскиот преоден рок, при што потрошувачката на трансфер пазарот на играчи во јануари опаднала за 56 отсто во споредба со минатата година.

Летниот преоден рок забележал пад од 39 отсто во однос на една година претходно.