Европската куќа на фудбалот отвори дисциплинска постапка на барање на Фудбалската федерација на Македонија, која вчера изрази остра осуда на инцидентот и побара максимална казна за австрискиот репрзентативец.

Вербалниот инцидент се случи во 89. минута од натпреварот непосредно откако Арнаутовиќ го постигна третиот гол во победата на австриската репрезентација од 3:1 по што упати вербални навреди кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Дисциплинскиот правилник на УЕФА предвидува минимална казна од 10 натпревари доколку фудбалерот биде прогласен за виновен за навреди на расна и етничка основа