Сончевото утро, а попладне дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде со сончево утро и променлива облачност во текот на претпладнето. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи меѓу 10 и 19 степени, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје ќе има сончево утро со променлива облачност и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Според прогнозата на УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник ќе преовладува нестабилно време на повеќе места низ земјата. Ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме, засилен ветер и изолирана појава на град.
Во вторник ќе постојат услови за изолирана појава на нестабилност. Од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.