Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека бил украден дел од споменикот на Орце Николов во Градскиот парк во Скопје.

Случајот бил пријавен на 14 март во 09.30 часот, а од МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова не е првпат во Градскиот парк да се оштетуваат споменици.