Украинската државна корпорација за производство на оружје „Укроборонпром“ нуди награда од милион долари на секој што ќе зароби борбено подготвен руски воен авион. Според нив, „понудата е отворена за руските пилоти кои сакаат да ја сменат страната“.

Корпорацијата „Укроборонпром“ понуди награда од 500.000 долари на социјалните мрежи за секој што ќе зароби руски воен хеликоптер во оперативна состојба.

„На пилотите на Руската Федерација, подготвени да учествуваат во програмата, им се гарантира дека ќе добијат државјанство на слободна земја“, се вели во соопштението.