Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка. Според Москва, паузата во борбите требало да го олесни утрешното предавање на посмртните останки на украинските војници.
Русија претходно предложила шестчасовен прекин на огнот околу Костјантинивка. Украина, според руската страна, имала рок до денеска да одговори на предлогот.
Руските команданти во петокот соопштија дека ја презеле контролата врз Костјантинивка. Украина, пак, ги демантираше тие тврдења.
Москва подолг период се обидува да го заземе стратешкиот град како дел од својата воена кампања во Доњецк. Информацијата ја пренесе МИА.
