Здружението на Украинци во земјава „Лесја Украинка“ денеска одржа митинг на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина.
Претседателот на Здружението, Александар Урбанович пред почетокот на митингот се заблагодари за хуманитарната помош и за поддршката од Северна Македонија кон украинскиот народ.
-Денеска ние Украинците одбележуваме 365 дена нод воената инвазија од руската империја врз Украина. Никогаш не очекувавме дека во 21 век некој ќе сака да војува за туѓи територии, но добивме голема поддршка од сите држави. Благодарност до Македонците што уште од првите денови ни пружија голема помош, во време кога ни беше најнеопходна, изјави Урбанович.
Како што информираше, во земјава од почетокот на кризата до сега се наоѓаат околу шест илјади украински семејства. Голем дел од нив престојуваат со лични карти од хуманитарни причини, кои овозможуваат само престој во државата, но не и лекување или вработување. Во моментот, во нашата држава претстојуваат околу 400 бегалци.
-Се соочивме со бегалската криза. Во бегалската криза многу ни помогна Црвениот крст и хуманитарната организација „Св. Спас“ со што нашите бегалци се згрижени во Македонија. Не успеавме да средиме лесно вработување на Украинците кои би сакале тука да заработуваат за да можат да опстојат, но се надевам дека со време и ова прашање ќе се реши, посочи Урбанович.
Учесниците на митингот, од плоштадот „Македонија“, се упатија кон паркот „Жена борец“ каде положија цвеќе пред споменикот на Тарас Шевченко, познат украински претседател.