Украинската полиција најде докази за наводни злосторства, вклучувајќи тортура, во ослободената област Херсон, со што се повторува шемата од други региони на државата ослободени од руската контрола годинава, јави ДПА.

Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски синоќа изјави дека луѓе биле заробени на 11 локации. На четири од овие места, има индикации дека затворениците биле мачени. Истражители работат на терен, собираат докази и разговараат со сведоци. Се откопуваат и тела, додаде тој.

– Досега во областа Херсон се пронајдени 63 тела. Но, ние мора да бидеме свесни дека потрагата штотуку почна и ќе бидат откриени уште многу места за мачење и гробници, нагласи Монастирски.

Засега нема независна потврда за наводите. Но, како што пишува ДПА, места за мачење и гробови на убиени луѓе исто така без пронајдени и во поголемиот регион на Киев и Харков откако беа вратени под украинска контрола.