Русија ги засили артилериските напади врз Херсон, убивајќи цивили и предизвикувајќи голема штета, а руските сили го погодија тој регион во јужна Украина 100 пати во 24 часа, изјави денеска гувернерот на Херсон Олександр Прокудин.

Украинската војска соопшти дека Москва продолжува со обидите да го заземе Авдијивка, град во близина на Доњецк кој е под руска контрола, пренесува РСЕ.

Прокудин изјави дека руските сили користеле артилерија, минофрлачи, тенкови и беспилотни летала за да ја нападнат областа и нејзиниот главен град Херсон, кој бил погоден 49 пати.

Две лица загинаа, а шестмина се ранети, од кои едно дете“, рече Прокудин, додавајќи дека во нападите биле уништени образовни објекти, куќи, станбени блокови, медицинска установа и индустриска платформа во областа Берислав во Херсон.

Херсон, кој украинските војници делумно го ослободија пред една година, постојано е цел на руски артилериски напади од другата страна на Днепар.

Во обид да се пробијат во областа, руските војници ги засилија немилосрдните напади на Авдијевка, каде што украинските сили одбија 20 напади за 24 часа, соопшти денеска Генералштабот.

Украинските сили водеа вкупно 64 блиски битки додека го продолжија постепеното напредување во областа Бахмут во Доњецк и во јужниот правец на Мелитопол, соопшти армијата.

Претседателот Володимир Зеленски во порака на објавена на апликацијата Телеграм ги пофали бранителите на Авдијевка.

„Благодарен сум на секој војник, секоја единица за нивниот отпор“, напиша Зеленски.