Украина распореди војници на границата со Молдавија, во делот на областа на прорускиот сепаратистички регион Приднестровје. Информацијата ја објави Русија за потоа да добие потврда и од официјален Киев, со образложение дека на тој начин се сака да се заштити поранешната советска република од евентуални напади на руската армија. Кишињев, пак, негира постоење на план од Киев за провокација и ескалација на состојбата.

Москва го обвини Киев дека подготвува сценарио за т.н. „операција под лажно знаме“. Вестите од терен говорат дека украинска војска и гранична стража се тргнати од Одеса во правец на реката Дњестар кон Приднестровје. Од друга страна, гарнизонот „Котвоски“, во кој се наоѓаат руски војници, почна со преместување на воена техника кон украинската граница.

Ситуацијата со Приднестровје почна да се развива пред три дена, кога новиот молдавски премиер предупреди дека Москва во моментот води хибридна војна во земјата. Тој го обвини Кремљ дека настојува да ги „украде“ европските процеси и истакна дека неутралноста на Молдавија станува неодржлива. Според новиот молдавски премиер, левиот брег на реката Дњестар треба да се демилитаризира и руските сили кои се наоѓаат во тој дел како мировници да го напуштат просторот.

„Мора да демилитаризација, тоа е основна работа. Потоа ќе следува сè друго, а економско-социјалната интеграција на нашите граѓани е многу важна. На врвот е демилитаризацијата. Сè зависи од неколку работи и ќе дојдеме до тоа за момент. Се наоѓаме во период на геополитички тектонски движења и во тие околности, сигурен сум дека сите страни ќе разберат дека тоа мора да се направи“, рече премиерот на Молдавија, Дорин Речеан.

Вклештена меѓу Романија и Украина, Молдавија е една од најсиромашните држави во Европа на чие чело од 2020 година е претседателката Маја Санду која ужива силна поддршка од Европската Унија и САД. Официјален Кремљ минатата недела предупреди дека односите меѓу Русија и Молдавија се многу тензични и ги обвини властите во Кишињев за спроведување на ан