Финансирањето на војната против Иран е целосно обезбедено до јануари следната година. Секоја воена акција би морала да се спроведе пред истекот на тој рок, со оглед на тоа што демократите тогаш ќе ја преземат контролата врз Конгресот и би можеле да ги ограничат натамошните операции.
Во интервју за весникот „Њујорк пост“, остро беа критикувани демократите во Конгресот кои најавуваат и се закануваат дека ќе го запрат воениот судир со Иран, нагласувајќи дека таквиот потег би значел претворање на сигурна победа во неочекуван пораз.
Сепак, беше изразена надеж дека конгресните демократи нема да преземат чекори што би предизвикале предвремено завршување на отворениот конфликт на американските сили со Техеран.
„Тие целосната победа ќе ја претворат во пораз. Мислам, ако го направат тоа, погледнете, нивната морнарица е уништена, нивното воздухопловство е уништено, нивната противвоздушна одбрана, сè е уништено. Нивните лидери се елиминирани. Мислам, ако демократите го направат тоа, едноставно победата ќе ја претворат во пораз“, рече Трамп.
Американските стратешки цели во однос на Иран суштински се разликуваат од целите на Израел, чија намера е целосна промена на иранските власти. Интересот на Вашингтон останува исклучиво фокусиран на запирање на иранската нуклеарна програма.
„Само не сакам тие да имаат нуклеарно оружје. Никогаш не сум бил ниту за, ниту против промена на режимот, тоа за мене никогаш не било критериум“, изјави Трамп.
