Вкупно 25,8 отсто од возрасната унгарска популација ги прими обете дози на една од вакцините регистрирани во земјата. Малта е на второ место според стапките на вакцинација (47,1 отсто, односно 25 проценти двете дози). Во првите три земји на ЕУ според бројот на возрасни со најмалку една доза е вклучена Финска (38,4 отсто). Меѓу оние кои најмногу доцнат се Бугарија (10,7 проценти од граѓаните со една доза, 3,8 отсто со две) и Летонија (13,9 отсто и 2,5 проценти).

Меѓу европските земји кои не се членки на ЕУ, Исланд покажа висок резултат – 39 отсто од населението прими барем една доза од вакцината.

Според објавените податоци, прва доза на вакцината досега ја примиле 30,4 отсто од населението на ЕУ и земјите што не се членки на ЕУ, како што се Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Вкупно 154,1 милиони лица се вакцинирани против Ковид-19 во ЕУ.

Во јануари, Унгарија ја регистрираше руската вакцина „Спутник В“ и со тоа стана првата земја во ЕУ што ја одобри нејзината употреба на своја територија. Словачка стана втора во март годинава.