Едно 17-годишно момче изјави дека одлучило да се вакцинира за да го заштити своето семејство, верувајќи дека тоа може да претставува пат до „нормалниот“ живот.
Според вирусологот Миклош Русвеј, вирусот не е рамнодушен кон младите. Симптомите на коронавирусот често се појавуваат неколку месеци по инфекцијата, па затоа Русвеј вели дека е важно помладите луѓе да се вакцинираат.
– Деца од шест до 11 годишна возраст веќе се вакцинираат во пилот-групи. Верувам дека до есен, кога ќе почне следната учебна година, сите деца на училишна возраст ќе можат да посетуваат настава вакцинирани, истакна унгарскиот вирусолог.
Во Унгарија во употреба се шест вакцини. Освен на Фајзер/БиоНТек, која единствено е одобрена за тинејџерите, достапни се и вакцините на Модерна, Астра Зенека и Џонсон и Џонсон, како и кинеската Синофарм и руската Спутник В.
Досега речиси 4,5 милиони луѓе, од вкупно 9,7 милиони жители на Унгарија, примиле прва доза од вакцините. Според владините планови, до средината на јуни сите Унгарци кои сакаат да примат вакцина, развиена од Западот, можат да се имунизираат.