Тој информира дека се откажал од сите функции што ги извршувал во движењето Беса.
-Јас Лиридон Усеини, поднесувам неотповиклива оставка од сите функции во движењето Беса, од позицијата лидер на Младински форум на движењето Беса, од позицијата член на Централното претседателство и повеќе нема да бидам член ниту на едно тело или комисија во партијата, напиша тој.
Објаснувајќи ги причините за својата одлука, Усеини нагласува дека движењето Беса е трансформирано во структура која работи само само за задоволување на семејните и на клановските потреби.
– На многумина можеби им е изгледа нелогично откажувањето ако се има предвид дека Беса е владејачка партија, но јас бев исправен пред дилемата – да сочувам достоинството или да прифатам неправда и да ги затворам очите. Партијата која беше создадена за да направи промена на дотогашните политики на ДУИ стана нејзин портпарол и филијала на СДСМ. Движење Беса практично веќе не постои. Таа е компанија која ги молзи оние кои останале таму и нејзиниот политички живот ќе трае до следните избори, вели тој.