Во рамките на деветтото коло на 46. светска шаховска Олимпијада, македонската машка шаховска репрезентација оствари реми со селекцијата на Тајпеј, додека женскиот национален тим запиша убедлива победа против Никарагва. Во машкиот дуел кој заврши со конечни 2-2, Антон Златков и Тони Лазов претрпеа порази на првата и втората табла, но максимални поени и целосен пресврт донесоа Филип Панчевски и Никола Николовски.
Македонските шахисти во моментов се наоѓаат на 64. позиција на табелата со освоени 10 бодови, а во рамките на претстојното десетто коло ги очекува пресметка против селекцијата на Нигерија. Од друга страна, женската репрезентација оствари триумф од 3-1 против Никарагва, благодарение на сигурните победи на Ивана Манова на втората и Катерина Петровска на четвртата табла, додека партиите на Моника Жежовска и Сања Трајковска завршија со реми.
Македонските шахистки се на 77 место со 10 бодови, а противник во 10 коло ќе им биде Данска.
Со овие резултати, двете македонски селекции продолжуваат со борбата за подобрен пласман на меѓународната сцена пред завршницата на престижниот турнир.
