Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено засилен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во понеделник времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2), локално проследени со ретки грмежи. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.