Без електрична енергија утре ќе останат неколку улици во општините Кисела Вода и Сарај.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи во периодот од 08 до 13 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Малешевска” – лоцирани после мостот од левата страна, од 09 до 14 часот, корисниците од улица „Саса” – подулица 18, од 09 до 11:30 часот.
Корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка, како и објектите на Адријус, Бис Оил и Тиамо, дел од корисниците од село Буковиќ, корисниците од селата Ласкарци, Семениште, Арнакија, Паничари и Раовиќ, објектите на езерото Треска, како и објектите на Ас Оил, Виа Комерц, Сељ Ис, млин 29 – ти Ноември и наплатната рампа Арнакија, во периодот од 11 до 13:30 часот.