Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисници од повеќе улици во урбани и рурални општини во Скопје.

– Од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул. „Ѓорѓи Капчев” од бр. 2 до бр. 30, од 08:30 до 11:00 часот улица „1″ во село Тотоинци (дел од село Тотинци) во Петровец, од 12.00 до 16:00 часот ул. „Христо Татарчев” 22 во Кисела Вода, од 08:30 до 10:00 часот улица „Петровец” – позади бензинската Макпетрол, викенд населбата Наово, дел од ул. 1, „Монопласт”, „Млекара Битола”, „Жито Алтан”, „Вајомаг,” во Идризово ул. 5, ул. 8, „Фарма Блир”, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.