Поради промена на два затворачи ф-80 милиметри на улица „Љубо Петровиќ“ број 14, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците дел од оваа и од улиците „Приштинска“ и „Марко Крале“ во Бутел, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе траа до завршување со работните активности.