Времето утре ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени.
Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево и студено со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде утре и в петок кога температурите на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.
В недела и понеделник ќе има појава на утринска магла во одделни котлини.