Врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, а утре на повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминат во снег и на повисоките места, а до крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови. Во среда и четврток претпладне ќе има стабилизација со разведрување и ниски утрински температури, а потоа повторно следува период на променливо време со повремен дожд.