Факултетот за музичка уметност од Скопје информира дека на ден 26 март 2025 година со почеток од 13:00 часот во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата и непреболена вонр. проф. м-р Сара Пројковска – Николовска.

Седум членови на тимот на „ДНК“ меѓу загинатите во пожарот во Кочани

Меѓу жрвите од оваа страшна трагедија во Кочани беа седум членови од тимот на ДНК. Покрај главниот вокал, Андреј Ѓорѓиески, меѓу загинатите се и Филип СтевковскиАндреј КоларовЃорѓи ЃорѓиевСара ПројковскаИгор Велков и Мартин Атанасовски – Буцо. Владимир Блажевски-Панчо е хоспитализиран со изгореници. Тој е надвор од животна опасност.

Владимир Блажев- Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од поставата на ДНК.

Костадиновска се огласи за професорката.

„Си замина дел од моето второ семејство“: Придружниот вокал на ДНК, Ана Костадиновска се огласи првпат по несреќата

Извор: Екран