Кандидатите за реонски попишувачи кои се пријавија на дополнителниот конкурс, објавен од Државниот завод за статистика, за пописниот реон 20 кој ги опфаќа општините Битола, Могила и Новаци, ќе се тестираат утре во средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ во Битола. Термините за тестирање се поделени во две групи, првата од 13.30 до 14.15 и втората група од 15.15 до 16:00 часот.
Тестирањето ќе биде организирано според пропишаниот протокол на Министерството за здравство за заштита од КОВИД 19, а кандидатите потребно е да дојдат во училиштето 10 минути пред закажаниот термин и на себе да носат заштитна маска КН 95. Распоредот за тестирање е објавен на веб страната на општина Битола, како и на седиштето на пописната комисија. Од страна на пописната комисија кандидатите ќе бидат и телефонски известени за терминот и просторијата во која се распоредени за тестирање.
Доколку, има кандидати кои се пријавиле на првиот конкурс, а поради одредени причини не биле во можност да дојдат на тестирањето кое беше организирано и спроведено на 11.03.2021 година, за да можат да бидат тестирани на 22.03.2021, потребно е да извршат потврдување на терминот за тестирање на телефонскиот број 075276982, стои во соопштението од Општина Битола.