Времето во земјава утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со слаб локален дожд, а на високите планини ќе врне слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Следува период на променливо облачно време. Локални врнежи од дожд со променлив интензитет се очекуваат во вторник и во петок.