Утре (26.03.2021) со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата на Република Македонија.
– Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“ – велат од СВР Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.