Министерот Фатмир Меџити по информацијата за починатото новороден денеска ја посети Клиничката болница Битола, за на лице место да увиди што се случило.

Од Министерството за здравство информираат дека министерот се сретнал и со родилката и изрази длабоко сочувство.

-Директорот на болницата, д-р Александар Обедниковски изјави дека во текот на породување настапила брадикардија, која покрај срцево-белодробно оживување е констатирана смрт. Од директорот е даден налог за обдукција. По налог на министерот утре ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на текот на лекување на починатото новороденче, информираат од МЗ.