Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска објави новина на прес-конференција. Уверение за неосудуваност отсега ќе може да се добие електронски преку порталот uslugi.gov.mk.
Со новата услуга, граѓаните и правните субјекти ќе можат да извадат уверение од кривична евиденција без физичко присуство во основните судови.
Андоновски појасни дека електронското уверение за неосудуваност опфаќа два вида документи – за физички и за правни лица.
„Преку uslugi.gov.mk, со неколку кликања, секој заинтересиран ќе може да го добие своето уверение за неосудуваност, без потреба од чекање и поднесување барања на шалтер“, истакна министерот.
Услугата е дел од пошироката дигитална трансформација што ја спроведува Владата, со цел да се олесни пристапот до административни документи.
Електронското уверение за неосудуваност е чекор кон модернизација на институциите и намалување
Извор: telma