Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ги одбележа Велигденските празници со низа активности, хуманитарни акции и посета на социјално загрозени семејства, многудетни семејства, центри за лица и деца со посебни способности, информира претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.
-Членките подготвија пригодни трпези, базари со Велигденски изработки и украси, многу од нив со хуманитарен карактер и собраните средства беа донирани на оние на кои им се најпотребни, но и за помош за изградба на цркви и манастири.
Ние жените од Унијата на жени, како стожер на семејната традиција и обичаи, чување на Верата и семејството продолжуваме посветени и водени од мудроста на успехот, следејќи ги трите постулати на нашето постоење “Вера, надеж и љубов”
Успешна приказна на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ
СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ!
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!, пишува Пешевска на Фејсбук.