23-годишна девојка која со кујнски нож тешко ја повреди својата 55-годишна мајка во Хрватска, со кривична пријава за тешко убиство во обид, е предадена на надзорникот на затворот, извести полицијата.

Според истрагата, 23-годишната девојка на 1 јануари во својот стан со остар предмет и нанела тешки повреди во ребрата на нејзината мајка, пишува „Вечерњи лист“.

Повредената 55-годишна жена е пренесена во „КБЦ Сплит“ каде е задржана на понатамошно лекување.

Девојката веднаш била уапсена и приведена на распит, соопшти Сплитско-далматинската полиција.

Според неофицијални информации, ова не е првпат 23-годишник физички да напаѓа членови на семејството.

Се уште не е познат мотивот за нејзиниот напад врз нејзината мајка.