-После четири години граѓаните сфаќаат дека од ова нема ништо, но и дека општина Валандово се соочува со сериозни суштински па и финансиски проблеми. За јавната и локална администрација на граѓаните им беше ветено квалитет наместо квантитет, односно намалување на бројот на вработени во јавниот сектор, а тоа што го добија сега е токму спротивното. Четири години поминаа, а ветувањата за жал станаа лаги. И не e проблемот во ветувањата, тоа го прават сите, проблемот е што истите не се произлезени од издржана визија со чесен пристап и што приоритетите се подредени по обратен редослед, а ресурсите се употребуваат и трошат нерационално. Кога пред избори пред граѓаните се промовира програма, мора да се има во предвид дека за четири години на исто или слично место, ќе се соочиш со нив и со вистината и тука ќе знаеш дали си успеал или не, рече тој.
Посоќи дека за Валандово ќе понуди еден поинаков и реален концепт со реална динамика на суштинскиот развој и една поинаква визија за тоа како ќе се развива општината.
-Најпрво ќе направиме анализа и ревизија за тоа како е работено и менаџирано до сега, каква е реалната финансиска состојба на општината, за на граѓаните да им ја предочиме вистината која не е добра, но добро е тоа што имаме тим составен од чесни и способни луѓе, спој од искуство и знаење, луѓе што знаат како, луѓе што можат. Начелата од кои ќе се водиме ќе бидат чесност, посветеност и отчетност, а во раководењето на општината ќе бидам искрен, темелен и ефикасен. Ќе ја искористам оваа прилика да му се оддолжам на мојот град и општина Валандово за сите можности што ми беа овозможени во досегашната моја реализација. Нашата општина е мала, Валандово е мал град, тука отчетот е речиси секојднeвен настан, па доброто работење ќе се види веднаш. Барајќи одговори, зошто толку се потфрли, граѓаните сфатија дека четири години со општина Валандово раководи една локална варијанта на власта, истакна тој.
ВМРО-ДПМНЕ укажуваше што се ќе се случува во Македонија.
-Сето ова започна со големи лаги, кршење на уставот и законите, продолжи со национално предавство, а корупцијата стана заштитен знак на една штетна, неспособна и безперспективна политика, пресликана и на локално ниво како систем на владеење. Како таков овој систем не може да додржи и ќе падне токму поради тоа. Дека е така укажува фактот дека животот стана прескап за обичниот човек. Како се ближи крајот сведоци сме на се понебулозни и поштетни одлуки и потези на власта и народот на овие избори ќе стави крај на оваа темна дамка во македонската историја, зошто не сака да биде обезличен, понижен и туѓинец во својата држава Македонија.Македонија за сите луѓе. Валандово за сите луѓе, порача Узунов.